25.8 C
Скопје
21:11 - 8 септември, 2026

Прво ја изневери, а пред девет дена се прошетаа како среќно семејство! Сега актерката се појави без прстен на рака! (ФОТО)

Џесика Бил (37) е видена во саботата на пладне додека купувала храна во Беверли Хилс.

Актерката која е во брак со Џастин Тимберлејк (39), не носеше свршувачки прстен, а тоа предизвика лавина од коментари за нивниот однос.

Џесика во црвен комбинизон и со очича за сонце се појавила со кеси со намирници и влегла во автомобилот.

Преку комбинизонот носела волнен џемпер, а она што на сите им паднало во очи е тоа што не го носела прстенот.

Фото: Профимедиа

Ова само ги подгреа гласините дека нејзиниот брак со пејачот не се „опоравил“ од ноември минатата година, кога Џастин беше виден како се држи за раце со колешката Алиша Вејнрајт (30).

Џастин тогаш беше сликан со Алиша, со која снимаше филм. Двајцата се смешкале, а Вејнрајт го држеше пејачот и за колено.

Фото: Профимедиа

Откако тоа излезе во јавноста, Тимберлејк набрзо се огласи на Инстаграм и се извини на сопругата.

– Погрешив, но ништо не се случи помеѓу мене и колешката. Премногу испив таа вечер и жалам поради моето однесување. Требаше да се однесувам подобро. Ова не е пример кој сакам да го дадам на мојот син – истанал пејачот и додал дека се извинува на семејството што го посрамотил семејството.

Џастин и Џесика се свршија во 2012 година, а го имаат синот Силас (5).

Инаку, пејачот за денот на вљубените објави слика со сопругата од минатото, односно кога беа година дена во врска и истакна: Кога се знае, се знае – сакајќи да каже дека од почетокот знаел дека таа е вистинската жена за него.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....