00:27 - 31 октомври, 2026

Прослава во домот на Петар Грашо и Хана Хуљиќ: Хрватскиот пејач наполни 49 години

Петар Грашо на 19 март го прослави својот 49. роденден, а во меѓувреме успеа да оствари бројни соништа во животот. Покрај успешна тридецениска кариера и љубовта на обожавателите, тој се оствари и како родител на двете деца Алба и Тони кои ги доби од бракот со Хана Хуљиќ.

Приватниот живот се труди да го држи што подалеку од јавноста, што му успева. Тој вели дека „го чува безбедно бидејќи и онака има премалку за да го сподели со луѓе што не ги познава“.

Меѓутоа, неодамна беше откриено дека тој и Хана ја направиле церемонијата на крштевање на нивниот мал син кој се роди на крајот на октомври. Поточно, кумовите Доменика Жувела и Томаж Кавчиќ ги разоткрија во своите објави на социјалните мрежи. Церемонијата се одржала „тајно“, меѓу најблиските пријатели.

Иако не ги полни медиумите со скандали и детали од приватниот живот, неговата кариера е само во нагорна линија. Имено, тој на својот инстаграм-профил објави дека по четири концерти во загрепски Лисински ќе настапи и во соседна Словенија, поточно во салата Крижанке. Заедно со коментарите на возбудените обожаватели кои со нетрпение го очекуваат концертот, многумина ја искористија можноста и да му честитаат роденден.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....