04:43 - 9 ноември, 2026

Аца Лукас и поранешната сопруга отишле на заеднички викенд во Италија, еве што им се случило по пат

Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ поминале заеднички викенд во Италија, дознава Телеграф.рс.

Иако поранешните сопружници се разведоа пред неколку години, сепак решиле да одат на заедничко патување надвор од Србија. Имено, Соња и Аца биле во Милано, а причина за патувањето бил нејзиниот 49. роденден.

– На патувањето отидоа со автомобил, беа во Милано. Ова докажува дека нивната врска е добра, инаку веројатно немаше да патуваат сами на викенд во Италија… Ѝ беше роденден и сакаше да го прослави во Германија, но пред тоа тие двајца беа сами за таа прилика – вели изворот.

Како што понатаму открива изворот за Телеграф.рс тие на пат доживеале несреќа, кога им пукнала гумата.

– Им пукна гумата додека возеле, морале да повикаат помош бидејќи Аца немал резервна гума во автомобилот – истакнал изворот.

За потсетување, Соња и Аца официјално се разведоа на 12 септември 2019 година во Третиот основен суд во Белград. Нивната врска често била турбулентна и за време на бракот и по разводот.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....