09:40 - 30 јули, 2026

Принц Чарлс вознемирен за тв-серијата „Круната“:„Воопшто не сум како што ме прикажуваат на Нетфликс“

Во четвртата сезона на телевизиската серија „Круната“ (The Crown) принцот Чарлс е отсликан со неговиот таен однос со Камила Паркер во времето на неговиот брак со Дијана. Кралската биографка Пени Џунор се огласи и изјави: „Принцот Чарлс е навистина вознемирен од „Круната 4“. Тоа е најсуровиот и најнеправеден портрет што некогаш му бил направен“.

Дека на идниот крал на Велика Британија не му се допадна како е прикажан во „Круната 4“ е добро познато, барем во Англија. Но, сега шкотскиот политичар Анас Сарвар, говорејќи на фестивалот Fringe во Единбург 2022 година, откри необјавена анегдота. Сарвар рече дека пред една година, на настан во Шкотска, Чарлс ѝ пришол на група пратеници и рекол: „Здраво, мило ми е што ве запознав сите. Воопшто не сум како што ме прикажуваат на Нетфликс“. Шкотскиот политичар продолжува: „Помислив: „Каков интересен начин да се претставиш““.

И додека принцот Чарлс – иако тоа го кажал на шега – изгледа повреден од тоа како е претставен во популарната тв серија, тоа не е случај со војвотката Камила.

Неговата сопруга Камила од Корнвол, поранешна „вечна љубовница“ на наследникот на круната, и своевремено најомразена во Англија бидејќи беше обвинета за сите маки на принцезата Дијана, лично се запознала со актерката Емералд Фенел која ја игра во третата и четвртата сезона на ТВ серијата The Crown. Средбата се одржала во Кларенс Хаус, минатиот март, како дел од фестивалот „Woman of the World“ организиран за Меѓународниот ден на жената. Двете жени разговарале и се шегувале, си размениле неколку интересни реченици а потоа војвотката и сегашна сопруга на Чарлс се обратила официјално на присутните. По краткит говор сепак, рекла: „моето алтер его овде би можело да продолжи. Значи, Емералд, подготви се“.

 

Слични објави

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо

Хороскоп за 30 јули: Овните ќе донесат важна одлука, Рибите ќе се соочат со вистината

Еспресо

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо
Се вчитува....