09:17 - 8 ноември, 2026

Пријател на Меган Маркл ги откри деталите од мемоарите на Хари: ДАЛИ КРАЛИЦАТА ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИ?!

Принцот Хари планира да сподели детали за врската со кралското семејство во мемоари вредни 20 милиони долари, а целиот свет нетрпеливо го очекува тоа.

Мемоарите на принцот Хари треба да бидат објавени на крајот на 2022 година, а по оваа вест почнаа гласини дека мемоарите на Хари дополнително ќе ги влошат веќе разнишаните односи со кралското семејство предводено од кралицата Елизабета.

Сепак, според Омид Скуби, близок пријател на Меган Маркл, кралското семејство не треба да се плаши од тоа.

„Хари навистина се грижи да нема материјал во неговата книга што на кој било начин може да биде негативен за кралицата или нејзиното владеење. Во таа книга тој навистина сака да го прослави нејзиниот живот и врската со неа“, објаснува Скуби и додава дека иако многумина сакаат да прочитаат книга полна со обвинувањата за семејството, тоа нема да се случи.

„Се разбира, неговата приказна е многу повеќе од само неколку години од неговиот живот како војвода. Но, многумина ќе бидат лишени од бомбастични детали, но тоа не значи дека неговите мемоари нема да бидат интересни“, вели пријателот на Меган Маркл.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....