17.8 C
Скопје
16:48 - 18 октомври, 2026

Последна објава на трагично загинатиот јутјубер Мирко Рашиќ: „Сите кучиња одат во рајот…“

Истрагата ќе покаже дали се работи за самоубиство.

Српскиот јутјубер Мирко Рашиќ (33) денеска е пронајден мртов во една хала во Сурчин, дознава српски Телеграф. Непосредно пред тоа објавил песна на социјалните мрежи.

Според „Телеграф“, телото го пронашол неговиот колега, а дали се работи за самоубиство ќе покаже истрагата.

Мирко рано утрово на својот Инстаграм профил, непосредно пред трагичниот настан, околу 5 часот објавил фотографија од цртаниот филм „Сите кучиња одат во рајот“ и ја цитирал истоимената песна на раперот Струка.

принтскрин

“Седам во соба со својата крв во рацете. Се трудам да не ги слушнам тие соблазни шепотења

Седам во сенка а димот ми лизга низ усните. Ѓаволот ме влече за ракав, до раб на лудило.

Слушам дека си виден всидрен во свето пристаниште. Тргнат си кон рајот но заврши во чистилиштето. Велат дека не си доволно добар за царството небесно, дека таму нема место дека со тебе би било претесно.

Од друга страна, велат, дека не припаѓаш во пеколот, не си грешел толку и не припаѓаш на тоа стадо. А таму ти е местото зашто испраќаше лоши пораки, од кои децата не можеа да извлечат добри поуки.

Зборуваше за пари и за курви, дека не должиш, наводно зборуваше за Сатаната. Не можам да верувам дека дојде крај, но било како било, сите кучиња одат во рај“.

 

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....