18.8 C
Скопје
19:09 - 21 октомври, 2026

Џенифер Лопез го „притиска“ Бен Афлек да донесе тешка одлука: За да се сочува врската, актерот мора да се откаже од нешто многу важно

Холивудската двојка доживеа и среќни и напнати моменти.

Бен Афлек и Џенифер Лопез без сомнение се најпопуларниот холивудски пар во медиумите.

Не постои славна личност што може да се спореди со нив, двајцата реномирани актери со најоригинална љубовна приказна.

Секој нивен потег е анализиран до најситен детал, како што папараците не пропуштаат ниту едно нивно појавување, било на јавен настан или кога излегуваат на прошетка или прават нешто на улица.

Изминатиов викенд во Лос Анџелес можевме да го видиме парот како се бакнува и ја изразува љубовта пред очите на сите. Тоа помогна да се намали тензијата што беше забележана во некои од нивните последни заеднички појавувања, особено на црвениот тепих за премиера на филмот Мајка (во ој главната улога ја има Лопез) или за церемонијата на доделување награди Греми.

принтскрин

Британски „The Mirror“, се консултираше со експерт за односи со јавност за да анализира што може да се случи во иднина со парот.

„Последните неколку пати кога беше на доделување награди, изгледаше дека Бен не ужива да биде таму“, уверува Маја Ријаз.

„Тој би можел да се повлече од јавниот живот, тоа е сосема можно, бидејќи се чини дека не ужива во јавната популарност што ја има затоа што е актер“.

Оваа експертка смета дека ништо не би се случило со парот само доколку Бен реши да се тргне настрана и да ја остави Џенифер Лопез со нејзината „главна улога“ во јавноста.

Покрај тоа, Ријаз не им дава значење на меѓусебните расправии кои се забележани од сите, бидејќи се случуваа пред очите на јавноста. Но сепак, смета дека Џенифер за да ја сочува врската би можела да го „пристисне“ и поддржи Бен да се повлече од Холивуд.

Слични објави

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova
Се вчитува....