05:09 - 28 ноември, 2026

Попоски: Ново големо заладување, еве ја прогнозата за мај

– Според последните анализи кој ги направивме, во првата половина од мај месец ни доаѓа ново ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето кое ќе донесе нови ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, па дури и од СНЕГ.

Во првата половина од мај очекуваме ПОИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ врнежи на планините особено во западните и во северозападните предели од Македонија, што значи дека нов снег очекуваме на Скијачките центри Попова Шапка, а можен е и во Маврово,  како и низ планинските превои (особено на Стража).

Поинтензивните врнежи  повремено ќе бидат проследени и со грмежи, како и со засилен ветер а можна е појава и на ситен град.

Температурите со заладувањето кое го очекуваме во текот на првата половина на мај ќе бидат МНОГУ ПОНИСКИ од вообичаените, односно ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО (температурите ќе бидат пониски дури и за околу 10 степени од вообичаените за првата половина на мај). Се на се мај ќе биде многу променлив и постуден месец – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За топли Африкански продори во нашите краишта ќе се изначекаме.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочно анализирање на времето, промени во прогнозите се можни, а и добро е да ги има зошто такво студено време какво што цртаат нумеричките модели во моментот за мај месец и тоа како не ни се потребни. Многу појасна синоптичка состојба околу ова заладување ќе имаме во следните денови – следете не!

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....