00:49 - 28 ноември, 2026

Попоски најавува циклон: Моќна бура доаѓа, еве кога

Со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од Арктикот, во речиси сите земји од регионот се очекува и СНЕГ кој во планинските места ќе достигне висина дури и повеќе од 20-30 цм.

Во Алпскиот регион се очекува снежна покривка дури и од повеќе од 100 цм.

Во продолжение погледнете ја целата метео анализа на Славчо Попоски:

– Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе ОПАСНОСТ од локални ПОПЛАВИ, вели Попоски. 

– Вистинска снежна БУРА доаѓа за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица во регионот. Интензивни врнежи најпрвин од дожд и можни се локални ПОПЛАВИ а потоа со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север снег ќе има во поголемн дел од Балканскиот Полуостров. Понекаде и тоа особено во планинските предели се очекува дури повеќе од 20-30 цм нов снег. Во Алпскиот регион се очекува нов снег дури и повеќе од 100 цм. Се работи за МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ и истиот ќе ја зафати и Македонија за време на викендот и во почетокот од следната седмица. Можни се локални ПОПЛАВУВАЊА и во Македонија а се очекува и СИЛЕН ветер во цел регион, како и во Македонија. Токму поради ваквата состојба ПРЕПОРАЧУВАМЕ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ! Понатаму следуваат нови и детални информации околу овој моќен циклон – предупредува Славчо Попоски.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....