18:57 - 27 ноември, 2026

Столтенберг: Нема услови за мирно решавање на конфликтот, Русија се подготвува за нова офанзива

Русија се обидува да ги замрзне борбите во Украина во текот на зимата, со цел да ги зајакне своите сили за нова офанзива напролет, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Она што сега го гледаме е дека Русија се обидува да наметне некаков вид замрзнување на војната, макар и за кратко време, со цел да се прегрупира, поправи, закрепне и потоа да се обиде да покрене поголема офанзива следната пролет“, рече Столтенберг на јавен состанок организиран од британскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“.

Столтенберг рече дека членките на НАТО продолжуваат да ја снабдуваат Украина со оружје и поддршка „без преседан“, и покрај загриженоста за можно исцрпување на резервите на Западот.

Најтешките борби во моментов се водат околу источниот град Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат со месеци.

САД очекуваат борбите да продолжат со „намалено темпо” наредните месеци, додека двете страни се обидуваат да ги обноват своите сили.

Столтенберг рече дека нема информации за наводни напади со украински беспилотни летала врз воздухопловни бази во Русија, откако американските власти соопштија дека не поттикнуваат такви напади од Украина.

Генералниот секретар на НАТО оцени дека во моментов не се исполнети условите за мирно решавање на конфликтот, бидејќи Русија „не покажала знаци на посветеност кон преговори со почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....