10.8 C
Скопје
03:10 - 7 мај, 2024

Пике и Шакира во проблеми околу старателството на децата, на повидок можен жесток судски процес; Шакира ја чека и друго судење – за затајување данок

Жерар Пике и Шакира молчат, но во Шпанија како да нема за што друго да се зборува – освен за нив и за предавството на фудбалерот на Барселона со дваесетгодишната девојка. Написот што го објави „Ел Периодико“ е полн со детали: Шакира знаела сè, а младата љубовница на 35-годишниот каталонски дефанзивец била само капката во океанот што ја натерала да стави крај на нејзината љубовна приказна со фудбалерот.

Пике одбива да се раздели од децата, објаснувајќи дека тие се родени во Барселона, таму пораснале и таму одат на училиште и имаат пријатели. Според таткото, потегот би им го нарушил животот. Ниту еден не е подготвен да попушти во оваа точка, па ако не постигнат пријателски договор, би можела да дојде до жестока правна битка.

Гласините дека парот е во криза траат подолго време: Пике со недели бил виден како се враќа дома во својот стар, ергенски стан во Барселона. Сведоци тврдат дека било невозможно да не се забележи фудбалерот во неговите ноќни „напади“ на девојки во дискотеките, строго како сингл, поточно дека „тој е постојано присутен во два ноќни клуба во Барселона, заедно со неговиот соиграч Рики Пуиг“. „Тој е див“ и „надвор од контрола на забавите“, кои траеле до три часот наутро и во двете места „бил виден во придружба на други жени“.

Девојката која наводно ја донела врската до точка од која нема враќање „е млада русокоса во своите 20-ти години која студира а работи како хостеса на настани“.

Но, Пике и Шакира не кажуваат ништо, децата се дружат со другте деца од училиште, но приватно се е поинаку: „Денес речиси и не зборуваат“, според „Ел Економиста“, нема враќање назад: парот – кој никогаш не се венчал – веќе ја започнал официјалната процедура за разделба во Барселона. Ниту еден од двајцата не сака пари од другиот, со оглед на нивниот огромен капитал, но изворите на весникот говорат за проблеми околу старателството над нивните две деца Милан и Саша.

Пејачката не сака да продолжи да живее во Барселона, каде што нема пријатели или роднини освен оние на Пике, а со години има проблеми и со шпанските даночни власти (пред неколку дена и беше одбиена последната жалба, ќе треба да оди на суд за измама), затоа има намера да се пресели  во друга земја. Со двете деца, секако. И тука почнуваат проблемите: Пике одбива да се раздели од децата, објаснувајќи дека тие се родени во Барселона, таму пораснале и таму одат на училиште и имаат пријатели. Според таткото, потегот би им го нарушил животот. Ниту еден не е подготвен да попушти во оваа точка, па ако не постигнат пријателски договор, би можела да дојде до жестока правна битка.

Шакира во мај двапати отпатувала на Ибица во придружба на своите деца, но без партнерот. Што се однесува до нивните профили на социјалните мрежи, веќе некое време нема ни трага од заеднички фотографии: Шакира често споделуваше љубовни снимки со Пике, а сега последната датира од Денот на вљубените. Последната објава на пејачката е благодарност до нејзините фанови за пресвртницата што ја достигна нејзината песна Hips Don’t Lie од 2006 година, која на Spotify надмина една милијарда посетеност.

 

Слични објави

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо
Се вчитува....