13.8 C
Скопје
14:55 - 25 април, 2024

PERFORMER CUP за првпат во Македонија: Светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

На 4ти јуни, во просториите на Националната Опера и Балет за прв пат во Македонија ќе се одржи светски реномираниот натпревар за сценски изведувачи PERFORMER CUP, посветен на сценските уметности: глума, пеење, танц, уметничка гимнастика, акробатика, жонглирање, илузионизам.

Првиот и единствен по својот вид уметнички шампионат кој ги отвора вратите кон светските сцени се раѓа како идеја на првата Интернационална Федерација за Сценски уметности F.I.P.A.S.S. основана во 2017 година во Италија, а е во продукција на светски реномираната компанија „Metodo Pass“ која го застапува терминот – сценски изведувач и има за цел да креира мобилни можности за изведувачите, вмрежувајќи ги истовремено во светската едукација и практика.

Натпреварот ќе се одржи во два дела: Performer Cup Macedonia Pass за македонските учесници и Performer Cup Balkans Pass (Gala Edition), за најдобрите претставници/финалисти од регионот кои во првото гала издание ќе имаат можност да заблескаат на сцената на НОБ и да освојат многу вредни награди на регионално ниво.

Учесниците на првото издание на Performer Cup кај нас, од сите уметнички дисциплини, со возраст над 6 години, ќе се натпреваруваат СОЛО, во ДУО, во помали состави од 3 – 5 натпреварувачи или поголеми ансамбли со неограничен број на изведувачи. Сите перформанси ќе бидат дел од официјалниот YouTube канал на Metodo Pass.

Натпреварувачите ќе се борат за многу вредни награди и медали (злато, сребро и бронза), а финалистите од секоја категорија и класа ќе ја претставуваат својата нација на големото Европско Финале кое ќе се одржи во од 2 – 13 јули, во Рим, 2023 година, на сцената на најголемото филмско студио во Европа – Cinecitta World. На Европското првенство, учество ќе земат претставници на 36 европски нации, меѓу кои и Македонија.

Таму пак, нашите најталентирани уметници ќе бидат во трка за: стипендии за Broadway Musical Academy во Њујорк, стипендии за Лондон, договори за вработување, учество во интернационалниот ТВ формат на натпреварот кој се емитува на најпознатата италијанска телевизија со светско влијание RAI и многу други несекојдневни награди и прилики.

Како интернационални претставници и претседатели на жири комисијата на Performer Cup Macedonia Pass и Performer Cup Balkans Pass (Gala Edition), директно од Италија пристигнуваат: Garisson Rochelle – американски балетан, кореограф и режисер од Бродвеј и еден од креаторите на најпопуларното шоy во Италија AMICI; Valentina Spampinato основач на F.I.P.A.S.S. и Меtodo P.A.S.S., балерина, режисер и ТВ водителка и Дариана Куманова, музичар, диригент на реномираниот фестивал Сан Ремо во Италија.

Постанете дел од досега најголемиот уметнички хепенинг кај нас и остварете го својот уметнички сон на светските сцени.

4ти Јуни – Национална Опера и Балет.

Информации и пријавување на следниот линк:

PERFORMER CUP Macedonia PASS Registration Form

на тел.: 075 323 352 и 070 366 926,

на E-mail адресата: [email protected]

или на fb: Меtodo Pass Macedonia 

 

Слични објави

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо
Се вчитува....