13:23 - 7 ноември, 2026

Пенелопе Круз откри како се однесувал Џони Деп со неа: Поминаа многу години, него го сметам за… (ФОТО)

Пенелопе Круз, четириесетипетгодишната оскаровка напиша изјава во знак на поддршка на Џони Деп, по повод тужбата за клевета која ја поднел против поранешната жена Амбер Херд.

Нејзиното писмо сега е објавено во целост, а во него Пенелопе наведува дека кога го запознала Џони, знаела да каже само две реченици на англиски јазик: „Како си“ и „Сакам да работам со Џони Деп“ – пишува Фокс њус.

Фото: Профимедиа

– Поминаа многу години, но не дека само снимив три филма со него, туку него го сметам за голем пријател. Отсекогаш сум била импресионир – напиша Круз, кого Деп го запознала на 19 години.

Тие двајца глумеа заедно во филмовите „Бела прав“, „Пиратите од Карибите: На чудни плими“ и „Убиство во Ориент експрес“.

Фото: Профимедиа

– Сум го видела Џони во многу ситуации и секогаш бил љубезен кон сите околу себе. Тој е еден од најљубезните луѓе што ги познавам – пишува понатаму Пенелопе, истакнувајќи посебно значење и поддршка која тој и ја пружал за време на снимањето на „Пиратите“, кога таа била бремена.

– Во шестиот месец од мојата прва бременост секој ден го поминував со него, снимајќи ги „Пиратите од Карибите“. Мојот сопруг и јас никогаш нема да го заборавиме вниманието, заштитата и љубезноста со која ме третираше – пишува уште Круз.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....