09:19 - 28 ноември, 2026

(Фото) Пејач побарал од Александра Пријовиќ 4.000 евра за да биде нејзин гостин на концертот, еве што направила пејачката!

Пејачот Бобан Здравковиќ откри дека фолк-пејачката Александра Пријовиќ го поканила да биде нејзин гостин на концерт, но тој побарал 4.000 евра, пишува српски „Блиц“.

Александра Пријовиќ одржа спектакуларна концертна турнеја во најголемите регионални арени и сали.

На секој концерт таа имаше специјални гости, кои со задоволство се одѕваа на нејзината покана, меѓутоа, пејачот Бобан Здравковиќ ја одбил.


Се пишуваше дека Александра сакала Бобан да биде нејзин гостин на еден од концертите и го поканила, меѓутоа, тој ѝ ја рекол својата цена – 4.000 евра. На почетокот, пејачката помислила дека нејзиниот колега се шегува, но кога сфатила дека е сериозен, се откажала од својата првична желба.

Бобан Здравковиќ проговорил за тоа во емисијата „Амиџи шоу“.

– Јас не барав пари од неа. Нејзиниот менаџер се јави и се договоравме што се однесува за датумот, за да видиме дали сум слободен. Јас тој ден бев зафатен, морав да го откажам својот концерт во Бугарија и потоа, нормално, ја кажав цената за мојот настап, како што јас им плаќав на пејачите на моите концерти. Одржав многу свои концерти, не мислам дека е тоа некаква сензација, тоа е сосема нормално – објаснил Бобан.

 

 

Слични објави

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо
Се вчитува....