12:27 - 8 ноември, 2026

„Беше доста изненаден …“: Елтон Џон имал бизарна молба до докторот кој му ги оперирал колената

Елтон Џон имал операција на двете колена во последните години, како и операција на колкот по падот, што го принудило да ја одложи својата проштална турнеја во 2021 година. Сега тој откри дека имал бизарна молба пред операциите што го шокирале неговиот доктор.

„Кога ми ја извадија левата, а потоа и десната чашка од коленото го прашав хирургот дали можам да ги задржам, што го изненади доста“, рече тој во документарецот „Touched By Gold“.

Дизајнерот потоа го објасни процесот на изработка на ѓерданот, кој изгледа како „стар артефакт од Египет“.

„Моравме да ги испечеме за да се исушат. Потоа станаа сурови како пемза, многу се порозни, па моравме да ги обоиме со ацетат, а потоа само да ги исполираме“, изјави Елтон додаде:

„Хирургот ми рече дека ги имам најлошите колена што некогаш ги оперирал.“

Тео исто така откри дека на задната страна од накитот напишал:

„Нема повторно да се поклонувам пред ниту еден маж“, а потоа се пошегува: „Што, се разбира, не можете без чашка за колена.“

Џон првпат го носеше необичниот ѓердан на премиерата на филмот „Никогаш не е доцна“ на Лондонскиот филмски фестивал. Во тоа време, се пошегува дека „не останало многу од него“.

„Немам крајници, аденоиди и слепо црево. Немам простата. Немам десен колк, лево колено и десно колено. Всушност, единственото нешто што ми остана е левиот колк. Но, сè уште сум тука“, рече тој.

Музичарот веќе некое време се бори со здравствени проблеми. Минатата година откри дека се борел со сериозна инфекција на очите, која го оставила речиси слеп на едното око.

„Во текот на летото се борев со сериозна инфекција на очите која за жал ме остави со ограничен вид на едното око. Закрепнувам, но тоа е многу бавен процес и ќе потрае некое време пред да ми се врати видот“, откри тој.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....