23.8 C
Скопје
13:48 - 29 септември, 2026

Контроверзната српска пејачка Дуња Илиќ во центарот на скандал поради семејна драма со мајка ѝ: Ме исече со нож, а јас ја гризнав

Пејачката Дуња Илиќ е позната по своето скандалозно однесување, а неодамна повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради семејна драма.

При жестока пресметка Дуња ја гризнала мајка си, што предизвика огромна бура на социјалните мрежи.

– Адвокатот ми рече на мајка ми и на брат ми да им дадам дваесет отсто од наследството што ми го остави татко ми, а остатокот да си го оставам на себе бидејќи тоа беше желба на мојот татко. Кога ѝ го кажав тоа на мајка ми, таа ме погледна и ми рече: Пи*** ти м*****, мала ку***. Мене тоа ме погоди, па налетав на неа. Истрча во кујната, зеде нож и ме пресече по десната рака, а јас ја гризнав – изјавила Дуња за срспски „Блиц“.

Дуња отсекогаш отворено зборувала за своето минато. Пејачката е родена во Белград во богато семејство, а како што самата рече, секогаш имала сѐ што сакала, но често се чувствувала осамено и признала дека родителите често ја запоставувале.

– Веќе на 12-13 години почнав да пијам по малку, така што на крајот се претвори во цело шише жесток алкохол дневно – призна пејачката во една прилика.

– Често менував училиште и класови додека не стигнав до тој степен да го изгубам правото на редовно средно образование. Го завршив училиштето вонредно. Кога имав 22 години, татко ми банкротираше – призна Илиќ и истакна дека нејзиниот татко се самоубил по овој настан.

Беше искрена и знаеше дека опијатите, пијалоците и цигарите ѝ го уништија гласот и кариерата. Зад себе има брак кој траеше само три недели.

Илиќ решила да ја смени верата, па преминала во ислам, а во 2017 година на Инстаграм објавила дека нејзиното тогашно момче починало поради употреба на недозволени супстанци.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....