05:04 - 28 ноември, 2026

Ози Озборн го објави спотот за „Ordinary man“ и на публиката им ги откри своите најсреќни и најболни моменти! (ВИДЕО)

Пејачот Ози Озборн синоќа го објави новиот спот за песната „Ordinary man“, на која соработуваше со Елтон Џон, а во која ги оживеа и среќните, но и многу болните спомени од својот живот и богата кариера.

Во спотот, кој го враќа пејачот во неговиот роден град Бирмингем во Англија, Ози го разгледува својот живот како филм во кино сала.

Сликите се менуваат хронолошки – од неговото детство до првите денови во бендот „Black Sabbath“, па се до соло кариерата и животот со Шерон и нивните деца, како и моментите од нивната серија „The Osbournes“.

Во спотот не недостигаат ниту тешки, мрачни моменти, како што е фотографијата од полициска станица од 1984 година, кога Ози е уапсен поради непристојно однесување во алкололизирана состојба на јавно место.

Во песната и спотот за „Ordinary man“ се појавуваат и Елтон Џон и Слеш, а нумерата го дели насловот и со неодамна објавениот 12. албум соло албум на легендарниот музичар.

На ова издание се наоѓа и песната „It’s a Raid“, каде Ози соработува со раперот Пост Малоун.

Чед Смит, тапанарот на бендот „Red hot chili peppers“, кој напиша и свири во бројни песни од овој албум, објасни како е создадена баладата „Ordinary man“.

– Ози ги обожава „Битлси“, тоа е неговиот омилен бенд. Рече дека му треба нешто со средно темпо, нешто што не е тешко. Направивме песна која е епска. Слеш има свои две сола, а во однос на тоа дека клавирот е важен дел од песната, се прашавме: „Кој знае добро да свири клавир?“. Ајде да го земеме „човекот ракета“. И тогаш тој (Елтон Џон) се појави зад клавирот, но и отпеа неколку стихови – изјави Чед, а пренесува „Ultimate classic rock“.

Озборн, кој во изминатите години се бореше со здравствени проблеми, беше принден да откаже турнеја во текот на целата 2020 година, за да ја добие потребната медицинска помош.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....