24.8 C
Скопје
15:39 - 28 септември, 2026

Оскаровскиот фустан на Ким Кардашијан крие ПОРАКА ЗА УКРАИНА: Еве што порачува!

За да разберете каква врска има фустанот на Ким Кардашијан со Украина, треба да се да се навратите на париските модни ревии, кога Баленсијага даде моќна антивоена изјава.

Најхрабра на црвениот тепих е секогаш таа, Ким Кардашијан: ѕвездата на истоименото реално шоу се појави на годишната афтер парти забава (после ОСкарите) организирана од Vanity Fair, облечена во светло син фустан со „вградени“ ракавици на ракавите и со отворен грб, модел во форма на сирена.

Сепак, малкумина знаат дека зад оваа оригинална креација се крие многу специфична политичка порака во врска со Украина и тековната војна.

Ким Кардашијан им се придружи на многубројните ѕвезди кои со својот изглед испратија пораки до украинскиот народ и тоа го направи на свој начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

За да разбереме каква врска има фустанот на Ким Кардашијан со војната во Украина, треба да направиме чекор назад и да се вратиме на париските модни ревии, одосно на 6 март. Руската инвазија на Украина се случи само неколку дена порано, додека модните престолнини беа зафатени од еуфоријата на модните недели. Сепак, светот на модата тогаш ги здружи силите со донации и помош за жртвите на Украина, како и со симболични гестови. Но, ниту еден дизајнер дотогаш не протестираше како креативниот директор на Баленсијага.

Дизајнерот се потсети на неговата лична траума за време на ревијата: детството го поминал во Грузија и морал да ја напушти земјата во војна како бегалец кога бил само дете. Тој преку отворено обраќање на сите гости им ја раскажа својата приказна и им подели маици со боите на украинското знаме за да ги облечат на ревијата.

Но, еве од каде доаѓа инспирацијата за фустанот на Ким Кардашијан: ревијата беше затворена со два монохроматски изгледи, жолт комбинезон и светлосин фустан, кои заедно го формираа украинското знаме. Токму тој светлосин фустан Ким го облече на забавата после Оскарите.

Ким Кардашијан и Баленсијага имаат долго уметничко партнерство: изборот на фустанот за една ваква важна вечер е сè освен лежерен. Црвениот тепих на Оскарите 2022 всушност испрати бројни пораки – имплицитни или експлицитни – до Украина.

Слични објави

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо
Се вчитува....