22.8 C
Скопје
14:18 - 28 септември, 2026

Апокалиптичко пророштво на НОСТРАДАМУС за 2023: „Небесен оган врз царската зграда“

Како пандемијата и војната во Украина да не се доволни, пристигнува апокалиптичкото предвидување на Нострадамус за 2023 година!

Растот на меѓународната тензија поради војната во Украина со недели предизвикува дебати и стравувања за можно проширување на конфликтот способен да го вовлече светот во светски конфликт или дури и во нуклеарна војна. А, меѓу најфаталистите, не недостасуваа оние кои го извлекоа од фиока – повторно – Нострадамус, познатиот филозоф и пророк, кој живеел во 1500 година. Според прилично имагинативните толкувања на неговите дела, Нострадамус предвидел сè: од подемот на Хитлер до падот на кулите близначки и убиството на Кенеди.

Во 2022 година, славниот пророк предвидел серија застрашувачки настани, вклучувајќи напад на астероид, инфлација и глад, како и роботи со вештачка интелигенција што ќе ја заземат земјата, односно ќе го заменат човекот. И неговите предвидувања за оваа година не се ништо подобри. За 2023 година пророкот го најавил доаѓањето на „Седум месеци од Големата војна, луѓе кои умираат од зло“. Меѓу најцитираните фрази на социјалните мрежи, исто така е дека „Руан и Евре (два француски града) нема да паднат во рацете на царот“ и дека ќе има „Небесен оган врз кралската зграда“.

Зборовите се извлечени од „Пророштва“, том на Нострадамус објавен за прв пат во 1555 година, кој содржи 947 предвидувања за иднината на планетата. Тоа е збир од нејасни стихови со симболични цитати кои постојано се реинтерпретирани на различен начин за да се „прилагодат“ на сегашните ситуации.

Лажни вести и пророштвата се шират во време на неизвесност

Ова не е прво пророштво што се вади од фиока во време на криза, во кое неизвесноста и стравот се шират меѓу луѓето: од крајот на светот предвиден од Маите за кој толку многу се зборуваше во раните 2000-ти (апокалипсата беше предвидена за 12 декември 2012 година) до пророштвата на бугарската пророчица Баба Ванѓа која наводно ја предвиде ковид-падемијата.

И ако суеверието е дел од човечката култура уште од почетокот на времето, социјалните мрежи денес станува застрашувачки медиум во кој теориите и заговорите се множат, сеејќи страв меѓу луѓето.  Сепак, за жал, за многумина, размислувањето дека сè е веќе напишано и предвидено, изгледа поохрабрувачки отколку соочувањето со реалноста која има непозната иднина.

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – Во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....