23:51 - 8 ноември, 2026

Оркестар Калуш од Украина триумфираше на Евровизија, српската претставничка Констракта 5-то место

Оркестарот Калуш победи на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, претставувајќи ја Украина, со песната „Стефанија“, песна посветена на сите украински мајки. Настанот, кој се одржа во Торино од 10 до 14 мај, го дочека украинскиот бенд на највисокото скалило на подиумот со 631 поен, доделени од жирито и телевоутингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Песната „Стефанија“ , составена од микс од рап стихови со фолк и хип хоп ритам, се базира на вистинските животни приказни. Со оваа песна, украинскиот бенд ги освои сцената и срцата на публиката на Евровизија 2022 година – со својата уникатна мелодија и со своите важни пораки. Со своето учество на натпреварот, Калуш станаа лицето и гласот на нацијата која минува низ тешки и трогателни времиња. Sony Music Entertainment ќе ги донира сите приходи од песната во хуманитарна добротворна организација избрана од бендот.

Калуш, бенд именуван по малиот индустриски град во кој се родил фронтменот и лидер на бендот, Олех Псиук, формиран во 2019 година, првиот сингл насловен „Shtomber Womber“ го објавиле во декември 2021 година.

Инаку, вчеравечер, и украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео порака повика да се гласа за оркестарот Калуш.„Европа, гласајте за оркестарот Калуш, украински Словени!“, Зеленски изјави во видеото објавено на социјалните мрежи.

И од Евровизиската сцена, оркестарот Калуш упати апел за поддршка на Украина и Мариупол.

Српската преставничка на Евровизија, Констракта, со песната „Ин корпоре сано“ го освои високото 5-то место, благодарение на бројните гласови од гледачите, односно од бодовите од телевоутингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....