03:13 - 9 ноември, 2026

Огњен Амиџиќ е новиот Саша Поповиќ? Водителот откри како течат преговорите за музичкиот натпревар

Српскиот водител Огњен Амиџиќ е во преговори со челниците на телевизијата „Пинк“ во врска со ангажманот во музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, а водителот сега се огласи по тој повод.

Како што се зборува, Огњен Амиџиќ треба да ја наследи улогата на покојниот Саша Поповиќ и во „Пинковите ѕвезди“ да биде задолжен на кандидатите да им соопшти кој поминал во следниот круг.

Музичкото натпреварување започнува наесен на телевизијата „Пинк“, а Жељко Митровиќ потпиша договори со Десингерица, Драган Стојковиќ Босанац, Зорица Брунцлик, Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша, кои ќе бидат членови на жирито.

На социјалните мрежи многу се зборува за фактот дека Огњен ќе има важна улога и дека ќе учествува во донесувањето клучни одлуки во натпреварот, што го донесуваше и покојниот Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“. Познато е дека Амиџиќ покрај водителската кариера има и музичка кариера, па затоа е многу компетентен за такво нешто.

– Сè уште сме во преговори, сè уште не сме направиле ништо официјално, каква ќе биде мојата улога. Сигурен сум дека сè ќе биде официјално објавено кога ќе постигнеме договор – изјавил Огњен за „Блиц“.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....