21:16 - 9 ноември, 2026

Неделна временска прогноза: Каквa метео (не)среќа ќе имаме следната седмица?

– За време на овој викенд времето во Македонија е сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите остануваат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека денес во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до близу 40 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. Барем отсега гледано, на повеќе места нестабилно и со пороен дожд и грмежи и тоа особено во попладневните и во вечерните часови ќе биде во текот на целата наредна недела.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите во текот на следната недела, од ден на ден ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.

Славчо Попоски: Прежешко во исчекување на град со големина на ореви!

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....