13.8 C
Скопје
21:00 - 27 април, 2024

Неделен хороскоп – од 13 до 19 јуни – Биковите ќе уживаат во љубов, Овните со нови работни можности, одлични вести за Вагите…

Овен: Да живее Меркур!
Оваа недела планетата Меркур ќе изврши поволен транзит кон вашиот знак: во наредните недели ќе има многу пријатни изненадувања, особено од професионална гледна точка, исто така фаворизирани од поддршката на Јупитер. Марс во знакот ве прави поборбени и поенергични  од кога било: тешко на оние кои ќе се осмелат да ве попречат! Најсреќни ќе бидат деновите понеделник и вторник. Денови за рлаксација: среда и четврток.

Бик: со Венера во знакот!
Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти вашиот знак, но не и планетата Венера: љубовта ќе биде големиот протагонист на вашиот живот, кој ќе биде исполнет со романса и страст. Конкретно деновите среда и четврток, со прекрасна месечина на ваша страна, ќе ви приредат убави изненадувања. Малку нервозни, сепак, се деновите петок и сабота, кога нешто може да не оди според планираното.

Близнаци: кралеви на забавата!
Драги Близнаци, дали сте подготвени да го пречекате Меркур во вашиот знак? Оваа планета е особено поврзана со вас, ја подобрува вашата вродена способност да комуницирате со другите и да блеснете во секој социјален контекст. Во следните недели вашите комуникациски вештини ќе бидат на врвот и ќе бидете неприкосновени кралеви на забавата! Во меѓувреме, обрнете внимание на деновите понеделник и вторник, кога месечината во опозиција може да ве натера да се чувствувате малку понижено.

Рак: Меркур ви го врти грбот 
Оваа недела планетата Меркур ќе престане да биде активна во ваша корист и може да дојде до одредено забавување на вашите проекти, особено на полето на работата. Особено тешки ќе бидат деновите среда и четврток, со месечина во опозиција. Од друга страна, недела е посреќна, кога прекрасната романтична месечина – заедно со убавата Венера – ќе ви донесе големи емоции.

Лав: среќата е ваша!
Конечно планетата Меркур се врати активна во ваша корист: од понеделник среќата ќе ви се врати на вапа страна, особено на полето на работа, исто така фаворизирано од Јупитер. На сентиментално поле, сепак, може да доживеете моменти на напнатост со партнерот, поради Венера во неповолен аспект. Посветете особено внимание на нервозните денови петок и сабота…

Девица: Тензии на работа …
Оваа недела планетата Меркур ќе ви го заврти грбот: во наредниот период може да наидете на уште некои потешкотии особено на работното место, каде би можеле да настанат конфликти со шефовите и колегите. Особено тензични ќе бидат деновите понеделник и вторник, а Месечината исто така е во неповолна положба. Од друга страна, среќна е сферата на чувствата благодарение на убавата Венера.

Вага: добри вести!
Драги Ваги, оваа недела планетата Меркур се враќа активна во ваша корист: почнувајќи од понеделник, би можеле да пристигне добрата вест што ја чекавте, особено ако се однесува на полето на работа… Најсреќни денови ќе бидат понеделник и вторник, но и петок и сабота. Од друга страна, помеѓу среда и четврток, нервозната месечина може да внесе малку незадоволство и напнатост во вашиот живот како пар.

Скорпија: ќе тргне работата
Конечно оваа недела можете добро да здивнете! Всушност, од понеделник планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак и малку по малку среќата ќе ви се врати да ви се насмевне во контекст на работата. Венера, за жал, останува во опозиција и продолжува да предизвикува несогласувања и конфликти во вашиот живот во пар: особено внимавајте на кавги во петок и сабота.

Стрелец: Меркур во опозиција 
За жал оваа недела планетата Меркур ќе дојде во опозиција со вашиот знак. Во следните недели може да имате уште малку потешкотии во комуникацијата со другите, особено на работното место. Земете ги предвид можните блокади или забавувања, но не грижете се премногу: го имате Јупитер на ваша страна, подготвен да ви гарантира победа на долг рок! Денови на среќна месечина: понеделник и вторник.

Јарец: да живее љубовта!
Оваа недела може да сметате на два месечеви денови – среда и четврток, во кои добрите вести нема долго да ги чекате! Во однос на љубовта, ви помага Венера која е во поволна положба, затоа љубовниот аспект во овој период ќе биде посреќен од професионалниот: централниот дел од неделата ќе биде дефинитивно романтичен, а за слободните може да има убави изненадувања.

Водолија: Меркур се грижи за вас!
Одлична вест за вашиот знак оваа недела – од понеделник планетата Меркур ќе престане да биде во неповолна положба за вашиот знак и ќе се врати да ве поддржува, подготвена да ви приреди убави изненадувања во наредните недели, особено во однос на професионалната сфера. Во љубовта, за жал, продолжувате да доживувате моменти на криза поради неповолната положба на Венера.

Риби: среќа во љубовта!
Драги Риби, оваа недела, за жал, планетата Меркур ќе престане да ве поддржува: во следните неколку недели може да има некои блокади или забавувања на полето на работата, особено ако се занимавате со професија која ве доведува во контакт со другите. Сепак, среќна е областа на чувствата, во која можете да сметате на убавата Венера подготвена да ја поддржи вашата врска. Супер ден, со Месечината во знакот: недела.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....