14.8 C
Скопје
08:43 - 29 април, 2024

НЕ Е САМО БЕРЛИН, ВО ОВИЕ ГРАДОВИ ШИРУМ СВЕТОТ МОЖЕ ДА УЖИВАТЕ БЕЗ АВТОМОБИЛ: Тука движењето е животна филозофија!

Животот без автомобил во град е возможен и има се повеќе граѓани кои сакаат да се движат пешки, со велосипед или со јавен превоз во градовите ширум светот. Но, има и места каде што, покрај личниот избор, движењето на одржлив начин е животна филозофија и приватните автомобили повеќе не циркулираат на улица.

Граѓанската иницијатива Берлин Аутофреи минатата година предложи план за ограничување на автомобилите во рамките на S-Ringban (кружна железничка линија околу внатрешноста на градот), чија цел ќе биде да се добие најголемата област без автомобили на светот. Предлогот се очекува да биде усвоен догодина.

Берлин, фото инстаграм

Но не е само Берлин.

Во градовите без автомобили најдобро се ужива, а ги има ширум светот.

На островот Макинак, во Соединети Американски Држави, поточно во американската држава Мичиген луѓето живеат без автомобил од 1898 година!

Островот Макинак ја забранил употребата на моторни возила од 1898 година со цел да се избегне загадувањето на животната средина како и бучавата. Луѓето се движат пешки, со велосипед или со кочии со коњи, а единствените возила што можат да циркулираат се машините за чистење снег и амбулантите во итни случаи.

Еколошка област во Германија веќе постои и се нарекува Вобан (Фрајбург). Во овој мал еколошки град живеат 5.600 луѓе кои преку соработка можат да ги задоволат сите социјални, културни, економски и еколошки потреби. Нема автомобили, а населението во последниве години се зголемило за 57 отсто. Градот  од 2006 година ја забранил употребата на автомобили и циркулира само трамвај за да ги носи работниците во центарот на Фрајбург. Секое место е лесно достапно пеш или со велосипед, опремено со сите погодности за носење на децата на училиште или за одење на шопинг.

Италијанската Камоиз (односно Дивокоза) е област каде може да стигнете само со жичара. Но таа не е единствената гордост на Италија, тука е Венеција, со своите мостови и улички, кои може да се доживеат само пеш, со велосипед или благодарение на водните автобуси кои пловат низ каналите и ги поврзуваат островите на Венеција. Камоиз, пак, се наоѓа во  Вал д’Аоста, освен со жичарница може да се стигне и пеш зашто нема асфалтирани патишта, а се наоѓа на надморска височина од 1815 метри.

Хелсинки пак, постепено ги оптимизира своите услуги за јавен превоз и може да стане првиот главен град во Европа кој ќе функционира без автомобили до 2025 година.

Хидра, или Идра, остров во Егејското Море каде не се дозволени моторни возила. Единствено дозволено средство се такси-возилата или магарињата. Недостатокот на автомобилски сообраќај ќе ви овозможи повеќе да ја цените убавината на островот каде што ќе најдете прекрасни сино-бели куќи и глетки и каде што можете да уживате во спектакуларни погледи.

фото инстаграм

А има и други прекрасни местенца, градови, села каде автомобилите не се добредојдени…Како Ла Кумбречита во Аргентина, Ламу во Кенија, стариот град Дубровник во Хрватска, Фес Ел Бали во Мароко….

Слични објави

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо
Се вчитува....