9.8 C
Скопје
21:34 - 25 април, 2024

Наша тема: ВАКЦИНАЦИЈА ПОСЛЕ ПРЕЛЕЖАН КОВИД, ДА ИЛИ НЕ?

Мислењата на докторите се поделени. Различните ставови и искуства на докторите се уште една потврда дека вирусот и вакцината се однесуваат различно кај секоја индивидуа.   

Летово сите се израдувавме бидејќи можевме да патуваме со ПЦР-тест, да одиме на фестивали, концерти и слично, но се чини дека допрва ќе ги почувствуваме последиците од таа кратка слобода. Она што се јавува како голема дилема, и меѓу луѓето, но и помеѓу докторите е – дали и кога треба прележаните од ковид-19 да примат вакцина. Некои од нив велат дека прележаната болест не е гаранција за заштита од болеста, други пак, тврдат дека истото важи и за вакцината.

Генерално, голема непознаница е и самиот вирус, за што е и согласна доктор Јасна Јермилова, од ПЗУ „Медика МиМ“. Нејзино мислење е дека секојдневно во праксата се соочуваат со различна клиничка манифестација на болеста кај заразените лица со ковид-19. И покрај неколкуте стручни состаноци реализирани онлајн во изминатиот период дефинитивен став околу природата на болеста, клиничките манифестации и протоколите на лекување не е донесен. Можеби сето ова е резултат на варијабилната природа на вирусот и способноста да мутира. Се наметнува прашањето зошто се појавуваат случаи на позитивни ковид-пациенти кај лица вакцинирани со две дози на вакцина. На ова прашање ниту СЗО не  истапила со адекватен одговор. Сигурно во иднина ќе следуваат уште многу истражувања околу вакцините и бројот на примени дози за да се добие адекватен имунолошки одговор. И самото прележување на болеста изгледа не е доволно за стекнување на долгорочен имунитет со оглед на способноста на вирусот да мутира. Бројот на антитела се некаков показател за стекнатиот имунитет, но повторно, и тука се наметнува прашањето која е минималната референтна вредност на антитела потребна за заштитата.
Фото: Архива

Доктор Ирена Витанова од „Ихтус Ремедиум“ од Скопје, е категорична дека прележаните од ковид-19 не треба да се вакцинираат од 6 до 12 месеци по прележувањето, а потоа секако е препорачливо. Нејзиното искуство со пациентите кои доѓаат во ординацијата се тешки нус појави на вакцинираните кои прележале пред помалку од 6 месеци, особено доколку примиле Фајзер или Астра Занека. И самата докторка е вакцинирана, но нема антитела, па затоа одлучила дека нема да прими трета доза. Смета дека има клеточен имунитет по вакцинирањето за што не се гаранција антителата.

Фото: Инстаграм

За разлика од нив, доцент д-р Јелена Џекич Албаша, од епидемиолошкиот институт за белодробни болести во Војводина истакнува дека без оглед на тоа дали некој прележал ковид или не, треба да се вакцинира, со тоа што прележаните треба да се вакццинираат најмалку еден месец по оздравувањето. Вакцинирањето е пожелно и од аспект на тоа не може точно да се процени дали и колку долго прележаната личност ќе биде заштитена од инфекцијата бидејќи имунолошкиот одговор е индивидуален, и додава:

– Резултатите од истражувањето укажуваат дека по болеста, постои релативно мала веројатност дека ќе се појави реинфекција во првите три до шест месеци. Сепак, бројот на антитела генерирани по инфекцијата варира во зависност од сериозноста на клиничката слика. Некои луѓе со многу блага клиничка слика, што се рефлектира во губење на чувството за вкус и мирис, немаат ниту развиено антитела и сè уште не знаеме точно која е граничната вредност на титарот на антитела што штити од инфекција.

Препораката за постковид вакцинација е особено важна за луѓето кои имаат чест контакт со пациенти, како што се здравствените работници, старатели во старечки дом, како и за лица со висок ризик од развој на компликации, како што се постари лица, имунокомпромитирани, со хронични заболувања – вели д-р Чекиќ Малбаша.

Фото:Архива

Различните ставови и искуства на докторите се уште една потврда дека вирусот и вакцината се однесуваат различно кај секоја индивидуа. Оттука, неизбежно е да заклучиме дека не постои поголема гаранција за заштита, од нашата индивидуална свест и совест. Маски, дистанца, јакнење на имунитетот како превенција и воздржување од групни собири, за поскоро надминување на ова лудило.

Мими Стојановска

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....