06:14 - 1 ноември, 2026

KOIKOI и DJ FITZ се придружуваат на ЗДРАВО МЛАДИ 11

KOIKOI и DJ FITZ се придружуваат на веќе најавените Hercules & Love Affair (dj set), Shortparis, Blackstate, Murman Tsuladze, Искра, Луфтханза, Belgrado и Peki Pele! ЗДРАВО МЛАДИ е закажан за 27 август (петок) во МКЦ парк.

KOIKOI е свежо име на шареноликата и разиграна белградска музичка сцена. На публиката прв пат ѝ се претставија во 2019 година на компилацијата Hali Gali. Нивниот дебитантски албум „Pozivi u stranu“ го сврте вниманието кон култната словенечка независна етикета Moonlee records.

KOIKOI ќе нѐ маѓепса со својето трансжанровско комбинирање на автохтоната музичка традиција измиксана со современите трендови. Албумот „Pozivi u stranu“ ја носи најпримамливата форма на поинаков поп, кој во истовреме е свилено благозвучен и игриво бучен, радиски сензибилен и рокерски силовит, а секогаш под велот на хипнотички балкански мелос, преплет на екстаза и носталгија. Дебитантскиот албум е албум на кој регионалната независна сцена чекаше со децении, тој е бисер за сите што на време сфатија дека напредниот поп е новиот панк.

 

За DJ Fitz нема потреба од специјална најава, со него почнува и завршува секое издание на ЗДРАВО МЛАДИ. Наше, а светско. Спремил и ковид-микс за загревање, уживајте:

Билетите по цена од 400 денари се достапни на билетарница МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

*Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор.

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....