17:00 - 7 ноември, 2026

МУЗИЧКОТО ДУО ДАЦ И АЛЕКСАНДАР СЕ НОВИ КУМОВИ ЗА БАДНИК: Годинава уметноста ќе го спаси здравјето!

Глумецот Драган Спасов Дац и музичарот Александар Митевски се нови кумови за Бадник 2022 година, а здравичар е ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин.

Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје” денеска на прес-конференција го претстави уметничкото трио кое ќе ја предводи прославата која традиционално се одржува 29 години.

– Мило ми е што сум овде на ова место заедно со Александар. Ги запознав овие луѓе бадникари. Видов таква една сплотеност, таква една енергија, таква една љубов према тоа што го работат што и јас се вљубив во целава оваа организација и во се она што го прават и ветувам дека ќе бидам заедно со нив и понатаму. Драго ми е што бевме предложени од помладите членови во овој Одбор кои се навистина една голема сила во оваа цела организација. Ви посакувам се најубаво на сите. Ако минатата година имаше доктори, оваа година веројатно уметноста ќе го спаси здравјето, порача Дац.

Инаку, минатата година кум за Бадник беше проф. д-р Никола Пановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски.

фото – фејсбук
фото фејсбук
фото фејсбук

 

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....