17.8 C
Скопје
16:51 - 18 октомври, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) КАЛИОПИ НАУЧИ ВАЖНА ЛЕКЦИЈА: Среќата се размножува делејќи ја, дури и со бившиот партнер! Или можеби, не е веќе бившиот?

Што може да очекувате ако ги дадете клучевите од вашиот дом на пријателите?

Хм…сешто. Во зависност од тоа какви ви се пријателите кои, нели, вие сте си ги избрале за пријатели.

Па така, ако сте Калиопи, на пример, може да очекувате дека вашите пријатели имаат слична душа на вашата, дека се срдечни, насмеани, уметници се или љубители на уметноста…Се разбира, и многу креативни.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Се враќате од пат, Баба Мразици ве чекаат на аеродром, а штом стасувате дома – станот не ви е празен. Некои си слават роденден во вашиот стан. Ама, го слават вашиот роденден. Чекајте, чекајте…тоа не се некои! Тоа се вашите драги пријатели кои мислат на вас и кога сте далеку од нив. А меѓу нив, и вашиот, опс, бивши партнер, односно сопруг (беа во брак од 2004 до 2011 година). Со полно срце што ве гледа на влезната врата. Или, можеби не е веќе бивши?

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Видеото може да го погледнете ТУКА.

„Ако ги дадете клучевите од вашиот стан на вашите најдобри пријатели, тогаш можете да очекувате сѐ по враќањето од вашето патување! Еве што ми се случи синоќа! Повторно го прославија мојот роденден и новата година затоа што бев далеку од нив… И ако треба да просудам за годината според нив, оваа ќе биде прекрасна! Фала му на Бога за добрите луѓе околу мене!“ – забележа поп пејачката.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....