18:14 - 2 ноември, 2026

(ВИДЕО) ДВЕ ПАРИЧКИ ЗА ИРИНА ДИШОВСКА: На врвот на Водно се кршеа две бадникови погачи, а младата алпинистка плачеше од радост

Ова убаво празнино утро, мала група на планинари, рекреативци и љубители на природата го искористија за да се качат на врвот на Водно и со топол пијалак, посна трпеза и убава празнична погача да го одбележат овој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)


Нашата алпинистката Ирина Дишовска, беше една од присутните која пред кршењето на погачата ги покани своите инстаграм – следбеници да го искористат овој убав празничен ден да се рекреираат и малку да побегнат од градскиот метеж и загадениот воздух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)


Ланските кумови поделија парчиња од празничната погача на сите присустни, а паричката се падна токму кај Ирина, што беше и голема желба на планинарката. Дишовска беше пресреќна и неколкупати ја бакна паричката, споделувајчи со присутните дека и било огромна желба да и се падне и следната година да биде кума и да ја продолжи традицијата.

„Бадниково утро со многу убава енергија. На Водно традиционално се врти погача со паричка… Првото лепче се вртеше од мојот матичен клуб I Love Hiking – Group Macedonia , и сите ама буквално сите знаат како “цупкав” во место и повторував дека посакувам мене да ми се падне паричката…Не сум себична, само сакав да ме чува Он!, во следниот мој предизвик. Верувам во Бог, и Он навистина ја “намести” паричката во моја рака… Не треба да ви кажам каква реакција имав, се гледа на видеото…“ стои во описот на објавата на младата алпинистка додавајќи:

На врвот на Водно се кршеа две празнини погачи, а паричката од втората погача повторно заврши во рацете на Ирина, која неможеше да ги задржи солзите радосници, споделувајќи ги двете прекрасни видеа на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)

„Втората погача е од матичниот клуб на мојот партнер Лазо, мојата најголема поддршка. Неговиот клуб PSK H2O Healthy Hike Outdoor несебично ми даде парче од погачата и на мене, кое во неверување го отворив и го најдов и второто париче внатре! Реакцијата е…..бесценета.
Се извинував што пак кај мене е паричето, ама јас не одлучувам за тоа….јас плачев од радост, зошто знам дечки дека Бог е со мене, Он е во мене. Претходната година ми заврши успешно, а оваа верувам и знам дека ќе биде уште поуспешна со вербата во Него. Ве сакам сите, се надевам ќе уживате во видеата како што уживав и јас“, завршува со обраќањето Ирина кон своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)

Слични објави

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо
Се вчитува....