13.8 C
Скопје
06:30 - 12 октомври, 2026

(ВИДЕО) ДОКТОР ГОРАН ЗАЕДНО СО СИНОТ РАНО НАУТРО НА КОЛЕДЕ: Коледе леде паднало греде… ечеше во едно маало во Баварија!

Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделува со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како доктор Горан ужива во празничните денови кои го поминува со своето семејство, а секој интересен момент го споделува со своите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)


Доктор Горан кој во реалниот живот покрај на „Инстаграм“ дава совети и спасува животи веќе 5 години како специјализант по Интерна медицина во Баварија по повод големиот христијански празник реши да ја испочитува традицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)


Бадник е денот пред Божиќ или денот пред раѓањето на Исус Христос. Како што налага традицијата, вечерта пред Бадник се пали бадников оган и по неговото згаснување, коледарите одат од врата на врата и пејат коледарски песни, а домаќините ги даруваат. Се верува дека коледарите носат среќа и бериќет кога одат од врата на врата и доколку некој не им отвори, таа година нема да биде среќна за него, а воедно и бериќетна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)


Доктор Горан заедно со својот син Себастијан ова утро се присети на детските денови кога заедно со своите другарчиња оделе рано наутро да коледарат низ скопската населба Железара. Со што ги дарува овој пат вредните коледари во Баварија, не знаеме, но едно е сигурно дека доктор Трајковски за момент се наврати на детските безгрижни денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

„Кооледе леееде… Не можеме да ви дојдеме на врата, но благодарам што не пуштате во вашите домови преку мобилен телефон. За мене беше коледе додека растев еден од најубавите обичаи. Собиравме вреќи бомбони, костени, јаболка, ореви чоколадца и домашно приготвени колачиња од домаќините. После тоа одевме на флипери или заедно јадевме со другарите… Горди што сме собрале храна за дома. Оставете ни некое бомбонче или паричка во коментар“, стои во описот на видеото на доктор Горан со кое ги расположи своите бројни следбеници.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....