13:07 - 7 ноември, 2026

Можна ли е оставка на Борис Џонсон или крај на скандалот „партигејт“? Вечерва со тајно гласање ќе одлучат конзервативците

Британскиот премиер Борис Џонсон, по повеќемесечните скандали, вечерва ќе се соочи со гласање (не)доверба на пратениците од Конзервативната партија.

„Надминат е прагот од 15 отсто од пратениците на парламентарната партија кои бараат гласање за доверба на лидерот на Конзервативната партија“, рече во прес -соопштението Греам Брејди, претседател на комисијата задолжена за внатрешни организациски прашања.

Гласањето ќе се одржи помеѓу 18 и 20 часот, а резултатот ќе биде објавен набргу потоа.

Технички, гласањето ќе биде за улогата на Џонсон како лидер на партијата, но во случај на недоверба на повеќе од половина од неговите (180 пратеници) тој ќе мора да поднесе оставка како премиер.

Даунинг стрит пак, стави до знаење дека Џонсон сепак ја поздравил оваа иницијатива што ќе му овозможи да стави точка на скандалот „партигејт“.

„Оваа вечер е можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации и да се дозволи владата да повлече линија и да продолжи напред, почитувајќи ги приоритетите на народот. Премиерот ја поздравува можноста да го претстави својот случај пред парламентарците“, објасни портпаролот.

Инаку, гласањето ќе биде тајно. За да добие доверба, Џонсон ќе треба да обезбеди мнозинство, односно 180 гласови. Во случај на пораз, партијата ќе назначи нов лидер, трка од која Џонсон ќе биде исклучен.

Англија ги испраќа првите проектили со долг дострел М270 за Украина, можат да погодат цели до 80 километри

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....