07:52 - 8 ноември, 2026

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Морската сол е здрава и има терапевтски својства, содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата.

Кои се предностите на морската сол?

– Морската сол има алкализирачко дејство кое помага во балансирањето на нивото на киселини во телото, со што се елиминира потенцијалниот ризик од фатални болести.

– Морската сол може да го зајакне имунолошкиот систем, а тогаш телото станува поотпорно на разни болести како што се грипот, алергиите и слично.

– Има значајни ефекти на кардиоваскуларниот систем. Научниците докажаа дека редовното консумирање морска сол растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така, го контролира крвниот притисок и го нормализира неправилното работење на срцето.

– Метаболитичките нарушувања како што е дијабетесот, може успешно да се третираат со морска сол, бидејќи таа помага во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.

– Повеќе од 20 отсто од натриумот во нашето тело се акумулира во коските, кои пак, се оштетуваат при недостиг на минерали во крвта и телесните течности. Со додавањето на морска сол во исхраната можете да избегнете или, пак, да ја ублажите остеопорозата.

– Морската сол е, исто така, корисна за дишниот систем, а минералите и олигоелементите, како и структурните делови на алгите кои ги содржи морската вода помагаат во заздравување на слузницата. Морската вода има благи антисептички и антибактериски ефекти.

– Морската сол е добар извор на калиум (кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна), со што морската сол благотворно дејствува на грчевите.

– Морската сол помага во прочистувањето на крвта. Содржи голема количина витамин Ц кој дејствува како антиоксидант и ги уништува слободните радикали. Токму поради ова, морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата преку апсорпција на сите отровни материи од нив.

– Како што се извлекуваат токсините од телото, кожата станува мека и здрава. Затоа бањата со морска сол може значително да влијае врз кожата. Таквата бања ќе го поттикне и излачувањето на вишокот вода од кожата и сврзното ткиво, со што се спречува собирањето на вишокот течност, така што кожата станува поцврста, добива младешки и здрав изглед.

– Морската сол е полна со витамини и минерали од витална важност за правилната исхрана на клетките. Тие хранливи материи можат да го подобрат метаболизмот, одржувајќи ги ткивата хидрирани, ја поттикнуваат циркулацијата на самата површина на кожата и ја зголемуваат силата на мембраните на самите клетки.

– Калциумот помага во чистењето на затнатите пори на кожата.

– Морската сол е идеална како природен пилинг за кожата, бидејќи нејзината текстура помага при остранувањето на горниот слој на мртви клетки од кожата.

– Морската сол дејствува како природен лек за луѓето кои мака мачат со мрсна коса. Таа помага при апсорпцијата на вишокот масло од вашите влакна при што истите ги прави меки и убави.
Со помош на мноштвото минерали присутни во морската сол, косата ќе го добие посакуваниот волумен, а вашите кадрици ќе добијат подобар изглед. Морската сол може да им овозможи доволно хранливи материи на фоликулите, со кои косата ќе стане помека и ќе остава многу подобар впечаток.

– Морската сол е одлична во бората против првут, дејствува директно на кожата и го спречува нејзиното исушување.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....