10:29 - 27 ноември, 2026

Весна Змијанац проговори за здравјето на Зорица Брунцлик: „Слушнав дека била оперирана“

Пејачката Весна Змијанац и покрај неодамнешните здравствени проблеми продолжува активно да настапува, а во меѓувреме проговори и за здравствената состојба на својата колешка Зорица Брунцлик.

Зорица веќе неколку недели не се појавува во јавноста, ниту пак на снимањата на музичкото шоу Пинкови ѕвезди, каде што е член на жирито. Весна изјави дека се надева оти колешката наскоро ќе се врати во полн сјај.

Змијанац откри дека слушнала дека Зорица била оперирана, но дека нема точни информации за тоа што точно се случило.

„Нешто слушнав, но не ги знам деталите. Многу ми е жал ако станува збор за нешто сериозно и се надевам дека сè ќе помине добро и дека Зорица повторно ќе ни се врати. Многу ја сакам и ѝ посакувам што побрзо закрепнување“, изјави Весна.

Во еден момент од локалот излегле и Боки 13 и Слаѓа Алегро. Весна за Слаѓа накратко прокоментирала дека многу ја сака.

Кога ја прашале како успева да изгледа сè помладо, во разговорот се вмешал Боки 13 и на шега рекол дека Весна има ново момче.

„Има ново момче, помладо е. Ново, згодно — зошто да криеме кога станува збор за љубов“, изјавил тој.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....