22:39 - 8 ноември, 2026

Мина Костиќ со емотивна исповед: „Зад мене е еден од најтешките периоди“

Пејачката Мина Костиќ ужива во љубовта со својот нов партнер Мане Ќурувија, познат како Каспер, со кого по повеќе од шест месеци онлајн комуникација конечно се запозна и во живо. Каспер неодамна пристигна во Србија, а од тогаш двојката е неразделна. Додека едни ја поддржуваат нивната врска, други со скепса гледаат на оваа, за многумина, необична љубовна приказна.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари за изборот на Мина, а пејачката реши јавно да се огласи и да открие како навистина се чувствува. Таа сподели дека неодамна завршила песна посветена токму на нивната љубов, преку која, како што вели, најискрено може да го изрази своето внатрешно состојание.

„Драги мои, зад мене е еден од најубавите, но и најтешките периоди во животот. Поради мојата љубов секојдневно читав илјадници коментари, гледав имитации, потсмев и навреди. Имаше и духовити луѓе кои ме насмеаја, но и такви што ме повредија. Љубовта нема дефиниција и секој ја живее на свој начин. Не грижете се за мене. По долго време конечно сум среќна и исполнета. Деновиве ја завршивме песната за нас, преку која најдобро можам да ви ја пренесам вистината. Вие знаете дека најдобро се изразувам преку музика. Ве сака Мина“, напиша таа на својот профил на Инстаграм.

Своето мислење за врската го изнесе и Игор Костиќ, таткото на ќерката на Мина. Тој изјави дека му е драго што Каспер позитивно зборувал за него како родител и истакна дека, иако лично не го познава новиот партнер на пејачката, ѝ посакува среќа.

„Му благодарам за убавите зборови. Драго ми е што го забележал тоа, бидејќи ми е важно да бидам добар татко. Знам дека тие двајца се заедно и, како што ѝ посакувам успех во кариерата, така ѝ посакувам и среќа во љубовта. Не го познавам него лично и не можам да зборувам за него, но ако е таа среќна со него, им посакувам сѐ најдобро“, изјави Игор.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....