00:08 - 28 ноември, 2026

Местото каде ќе биде погребан Мирослав Илиќ растажи многумина: „Корените ме влечат назад“

Пејачот Мирослав Илиќ, иако во текот на долгата кариера патувал речиси низ целиот свет, никогаш не криел дека единственото вистинско прибежиште за него е Србија  и тоа неговото родно село Мрчајевци, каде, како што открил, еден ден сака и да биде погребан.

Како што самиот раскажал, Мирослав и неговата сопруга Гордана веќе купиле и оградиле гробно место на гробиштата во Мрчајевци, недалеку од местото каде почиваат неговите родители.

– Со сопругата веќе оградивме парцела на гробиштата во Мрчајевци. Некои луѓе имаат проблем да зборуваат за тоа, јас немам. Близу гробот на мајка ми и татко ми оставив место. Беше важно да биде во Мрчајевци, каде ќе одам. Секако, почит за Алејата на заслужните граѓани и сè друго, но јас секогаш го одбирам Мрчајевци – искрено рекол пејачот.

На тој начин јасно ставил до знаење дека не сака да почива во Алејата на заслужните граѓани, туку таму каде што се неговите корени и семејството.

„Ако ја изгубиме традицијата – нема ништо“

Познатиот пејач никогаш не криел загриженост поради запоставувањето на народната и традиционалната музика, сметајќи дека јазикот, обичаите и културата се последната линија на одбрана на идентитетот.

– Технолошки сме поробени веќе педесет години. Единственото што можеме да го сочуваме е јазикот, традицијата и обичаите. Ако тоа го изгубиме, тогаш сме ништо – порача Мирослав, повлекувајќи паралела со Франција, каде светски поп-изведувачи се подеднакво почитувани.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....