17:40 - 13 ноември, 2026

Миле Китиќ на суд, го тужела жена од Германија: Таа е психопат, нема ништо од вонбрачниот син

Српскиот фолкер Миле Китиќ кој ја има ќерката Елена, пред извесно време се соочи со јавноста за приказната дека има вонбрачно дете, за што пејачот отворено проговори.

Миле тогаш раскажа сè за својата вонбрачна ќерка, но и за внуците:

– Скоро излезе, а јавноста шокирана, дека Миле Китиќ има уште една ќерка. Па, имам ќерка од првиот брак, не е тајна. Таа има четириесет и нешто години. Пишуваат дека живее во Германија, а живее во Белград… Во контакт сме, со неа се дружи и Елена, само што беа на Златибор – рече Миле.

– Мојата внука е балерина во Амстердам, внук ми заврши факултет, се е на свое место. Често прашувам дали ми треба нешто и помагам колку што можам – додаде Миле за „Свет“,

Тој ги појасни и шпекулациите дека има вонбрачен син и раскажа дека жена од Германија го тужела.

– Вонбрачниот син на Миле Китиќ е само приказна. Ме бркаше некоја к****а низ Германија, реков дека е психопат и ме тужеше. Отидовме на суд, јас ги платив судските трошоци затоа што не може јавно да кажеш дека некој е психопат. Но, тоа беше навистина многу одамна – објасни пејачот.

-Нема ништо од вонбрачниот син, што сакаат можат да кажат. Да имав син ќе го признаев, ако е мој секако – заклучи Миле.

Слични објави

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.
Се вчитува....