14.8 C
Скопје
13:51 - 26 март, 2025

МИА КОСТОВА РЕВОЛТИРАНА: Ќе се вработам во „Ист Гејт“ и ќе влегувам во молот, лажен сертификат не користам

Познатата некогашна водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да сподели приватни и интимни детали од сопствениот живот.

Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност за секојдневни теми, од јавниот како и од приватниот живот ги доби симпатиите на нејзините фанови на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova Official (@miandrija)


Со почетокот на пандемијата Миа преку својот инстаграм – профил активно зборува за тоа како таа  живее и се справува со пандемијата и сите предизвици кои „новото нормално“ ни ги донесе во животите. Крајот на октомври, мината година, Миа ги информираше своите следбеници преку социјалните мрежи дека е позитивна на ковид-19.

По тогашната објавата дека имала контакт со позитивно лице и дека се заразила, Миа Костова беше критикувана од многумина заради непочитување на мерките како носење маска и држење социјална дистанца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova Official (@miandrija)


Миа и во таа ситуација немаше проблем да зборува и за ова „искуство“, демантирајќи ги гласините кои кружеа по социјалните мрежи за нејзиното несовесно однесување.

 

Фото: Принтскрин/ Facebook

Додека мината година, Костова се бореше со симптомите на коронавирусот, повторно беше достапна за своите следбеници. За време на  дваесет дена поминати во домашно лекување и изолација, споделуваше за својата здравствена состојба, симптомите, терапијата, како и за менталното здравје за време на борбата со вирусот.

Нејзините фанови и тоагш имаа што да ја прашаат, а Миа неуморно одговараше на секое прашање со цел да помогне на луѓето кои се во слична ситуација или имаат некој близок што се бори со истите проблеми.

За среќа, Миа и нејзиното семејство се изборија со коронавирусот во домашни услови без посериозни последици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova Official (@miandrija)

Кога започна масовната вакцинација во нашата земја Миа стана уште погласна одбивајќи да се вакцинира со изборот од понудените вакцини.

По стапувањето на сила на новите мерки и ограничувањата за невакцинираните граѓани Костова се обрати повторно до своите следбеници дека нема да се служи со лажни сертификати за вакцинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova Official (@miandrija)


Со отварањето на еден од најголемите трговски центри во регионот – „Ист гејт мол“, голем број наши истакнати инфлуенсери ги преплавија социјалните мрежи од свеченото отварање. Додека некои од инфлуенсерите се фотографиираа во новоотворените продавници, Миа и Тијана поминуваа време приготвувајќи вкусни специјалитети во својот дом.

Веројатно, фановите на Миа очекуваа и таа да биде дел од свеченото отварање, но поради ограничувањата за невакцинираните граѓани таа сепак мораше да остане дома, но тоа не ја спречи да не најде начин да го посети новоотворениот трговски центар во некоја следна прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova Official (@miandrija)


Преку инстаграм – стори Миа пред своите бројни следбеници изјави дека ќе најде начин и да го посети „Ист гејт мол“ со склучување на договор како вработена или соработник, а не со лажен сертификат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останува да видиме дали следната недела Миа ќе ја видиме на шопинг во еден од најголемите трговски центри во регионот.

Слични објави

Еве на кој универзитет дипломирал Вељко Ражнатовиќ: Сменил три држави за своето образование

Еспресо

Падна одлука: Сопругата на Саша Поповиќ ги продава неговите автомобили вредни 200.000 евра

Еспресо

(Фото) „Имам алиби“: Владо Георгиев повторно направи хаос на социјалните мрежи

Еспресо

Еве кој ги доби милионите на Слаѓана Милошевиќ: Немаше деца, ним им оставила стан на Дедиње и голем имот

Еспресо

Лепа Брена ја прекина соработката со луѓе со кои беше 16 години: Донесе шокантна одлука

Еспресо

Руски продуцент го откри хонорарот на Милош Биковиќ во Русија, актерот заработува неверојатна сума за еден ден од снимањето!

Еспресо
Се вчитува....