2.8 C
Скопје
13:09 - 17 декември, 2025

Мегзит стапува на сила на 31 март – Што по овој датум го очекува малиот Арчи?

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл од 31 март официјално престануваат да дејствуваат како високи членови на британското кралско семејство.

Според таа одлука тие повеќе нема да поминуваат ниту да обавуваат должности во име на британската кралица, а тој договор ќе биде преиспитан уште еднаш и тоа по 12 месеци. Она за што јавноста во моментот води сметка е тоа како Мегзит ќе влијае на животот на малечкиот Арчи.

Меган и Хари, имено, повеќе нема да мораат да ги почитуваат протоколите на кралскиот дворец, вклучувајќи ги и строгите правила за одгледувањето на наследниците, па сега Арчи ќе може да носи долги пантолони, кои според кодексот на облекување на кралското семејство се забранети и децата до осмата година треба да носат кратки пантолони.

Заминувањето на другиот крај на светот ќе им донесе и поголема флексибилност во планирањето на семејните патувања, бидејќи кралскиот кодекс забранува повеќе членови од кралското семејство и идните наследници на круната да патуваат заедно, што конкретно значи дека Хари и Арчи досега не смееа да бидат заедно во еден авион.

View this post on Instagram

???????

A post shared by Prince Harry, Duke of Sussex (@loveprinceharry1) on

Освен тоа, малечкиот Арчи сега ќе може да јаде и лук и морски плодови, како и да ја игра друштвената игра Монопол. Имено, Дарен Мекгрејди, поранешниот готвач на кралицата Елизабета, тврди дека е забрането да се јаде лук во присуство на кралицата, бидејќи таа не го поднесува.

Кралицата не сака ниту школки и морски плодови, па тие не се наоѓаат на менито во кралскиот дворец. Освен тоа, Арчи кога ќе порасне ќе може да ја игра и друштвената игра Монопол, која во кралскиот дворец е забранета бидејќи предизвикува алчност.

Слични објави

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо

(Видео) Колкаво срце имал Андреј од „ДНК“, раскажа неговата сопруга Наталија

Еспресо

Љубовта на Неда Украден кон угледниот лекар веќе не е тајна: Наеднаш сè „пукнало, па судбината повторно ги спои!

К.С.

„Швалерајот“ ги раздели моите, со татко ми бев скарана и по две години го видов мртов: Исповед на Ивана Кнез

Еспресо

Јована Јеремиќ откри колку пари заработува за само еден час: „Плаќам жена да ми исчисти, не сакам да си го губам времето“

Еспресо

(Видео) „Една година не излегов од дома“: Јулија проговори за загубата на ќерката

Еспресо
Се вчитува....