22:10 - 29 ноември, 2026

Маск на Твитер започна анкета дали да го врати профилот на Трамп: „Гласот на народот е гласот на Бога“

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, на својот профил на социјалната мрежа објави анкета за тоа дали да го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Профилот на Трамп беше блокиран од социјалните мрежи по настаните од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Капитол во обид да го попречат одобрувањето на Конгресот за победата на претседателските избори на демократот Џо Бајден.

„Да го вратиме поранешниот претседател Трамп“, праша Маск, додавајќи два одговори со да или не.

Гласањето ќе трае 24 часа. Во моментов 61 отсто се за враќање на профилот на политичарот, а 39 отсто гласале против.

Во коментарите, претприемачот напиша „Vox Populi, Vox Dei“ („гласот на народот е гласот на Бога“ – лат.).

Претходно Маск на Твитер напиша дека раководството на американската компанија се уште не одлучило да го врати профилот на Доналд Трамп.

На 27 октомври Маск склучи договор за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....