21:54 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ева Мендес стана „госпоѓа Гослинг“, се чека збор од Рајан

Тие се еден од најубавите парови во Холивуд и заедно се веќе 11 години. Рајан Гослинг и Ева Мендес сè уште не се нашле пред олтарот, или можеби да?

Двајцата многу резервирани актери отсекогаш ја чувале својата врска многу приватна, но во последните неколку часа Ева Мендес сподели фотографија на социјалните мрежи која предизвикува многу (о)зборување. Подгревајќи ја хипотезата дека можеби е тајно во брак со Рајан Гослинг.

Зошто има толку многу дискусии за нејзината последна фотографија? Ева Мендес објави своја фотографија на Инстаграм на која го покрива лицето со раката, покажувајќи тетоважа на која пишува: „де Гослинг“. Што значи тоа?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Употребата на „де“ пред презимето во шпанската култура генерално укажува на спојување на презимето на жената со презимето на нејзиниот сопруг по бракот. Во пракса, како Ева да ги истетовирала зборовите „Госпоѓа Гослинг“.

Дебатата беше покрената на социјалните мрежи. Која ќе биде вистината? Засега двојката не се огласува за фа потврди или да негира.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....