19:38 - 7 ноември, 2026

Лозано на голема концертна турнеја во Америка и Канада: Со нетрпение очекувам да дојде март!

По барање на иселениците во дијаспората, нашата најголема музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано на почетокот на март заминува на голема турнеја во Америка и Канада.

Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци, а интересот е незапаметен како никогаш досега.

Организаторот на турнејата, вели дека иселениците со нетрпение ги очекуваат закажаните концерти во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.

фото: Васко Спасоски

– Помина само еден ден откако официјално објавивме дека Влатко има турнеја во Америка и Канада и верувајте дека мојот мобилен телефон не престанува да ѕвони. По се изгледа нашинците ќе го видат Влатко и во неколку други градови во Америка – изјави тој.

Влатко на настапите ќе биде придружуван од неколкумина професионални музичари, а покрај неговите најголеми хитови како „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“, „Не те вадам од памет“ и многу други, на концертите Лозано ќе ги запее и најпознатите македонски народни песни.

– Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Наназад низ годините имав доста понуди од таму, но решивме дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите. Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа и доста пораки од Срби, Босанци, Хрвати и Бугари кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката – вели Влатко Лозаноски.

Инаку Лозано како што кажавме, важи за најголемата музичка ѕведа во Македонија последниве неколку години. Доказ за тоа беше и преполната спортска арена „Борис Трајковски“ во март, минатата година, потоа следea и концертите низ останатите градови низ цела Македонија, а исто така беше и единствениот македонски артист кој одржа успешен концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Исто важно што треба да се спомене, е тоа што пред само неколку недели, Влатко во Белград на големиот музички настан во Јужна Европа – „МАК“, ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера за целиот регион за песната „Мајко“.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....