9.8 C
Скопје
13:28 - 31 март, 2026

Лиам Хемсворт повторно заљубен – Тој ја заборави Мајли која му го скрши срцето (ФОТО)

Лиам Хемсворт конечно е среќен и тоа со седум години помладата манекенка Габриела Брукс.

Актерот Лиам Хемсворт (30) минатото лето доживеа брачен бродолом со пејачката Мајли Сајрус (27), по помалку од една година по венчавката.

Мајли тогаш имаше кратка романса со блогерката Кејтлин Картер (31), а во моментот е во врска со пејачот Коди Симпсон (23).

Лиам многу потешко го поднесе разводот, кој беше финализиран дури минатиот месец и за прв пат недамна е виден со својата нова девојка, моделот Габриела Брукс (23).

Актерот и Габриела се видено во Лос Анџелес во четвртокот на ручек. Извор за американскиот магазин „People“ изјави дека парот е во сериозна врска и дека Лиам својата девојка ја запознал и со своите постари браќа, актерите Лук и Крис и со родителите.

Лиам Габриела ја одвел и во Австралија, неговата родна земја. Неговите пријатели велат дека тој конечно е среќен по разводот и дека со оваа девојка има многу повеќе заеднички работи. И двајцата сакаат да сурфаат, вежбаат и да уживаат на плажа.

– Лиам во последно време е во одлично расположение, велат неговите пријатели.

Слични објави

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin
Се вчитува....