02:23 - 4 ноември, 2026

Легендарниот Стинг ја откри тајната за бракот долг 27 години: Случајно станав татко шест пати!

Славниот пејач Стинг (68) и неговата сопруга Труди Стајлер (66) имаат четири деца, а пејачот, од бракот со поранешната сопруга Франс Томелти (71), има уште две деца.

По 27 години брак и 37 години врска, Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер и понатаму се заљубени еден во друг како од првиот ден.

– Знам некои работи за бракот. Со Труди се венчав пред 27 години, а многумина ме прашуваат како бракот ми се задржал толку време. Секогаш велам дека тоа е помалку чудно, но ништо не земаме здраво за готово – раскажа популарниот пејач за магазнот „Пипл“.

– Се сакаме, но всушност и си се допаѓаме еден со друг и во тоа е целата поента. Љубовта е страствена, но кога некој толку многу ви се допаѓа и сакате да бидете во негово друштво, тогаш тоа трае многу подолго – вели Стинг.

Пејачот истакна дека е во брак со својата најдобра пријателка, како и тоа дека никогаш не мислел дека ќе стане татко.

Фото: Профимедиа

– Никогаш не размислував за тоа дека ќе станам татко. Случајно станав татко шест пати, толку сум паметен. Тоа се најдобрите случајности во мојот живот и најдобрите луѓе на светот – вели Стинг, кој истакна и дека веќе има седум внуци.

Стинг смета дека ниту еден родител не е совршен, а колку и да постоеле моменти кога неговите деца биле среќни што тој им е татко, постоеле и моменти кога им било мачно поради тоа.

Англичанецот се прослави како пејач на групата „The Police“, а потоа продолжи да гради успешна соло кариера.

Иако бројни жени буквално луди по него поради неговата популарност, сепак, срцето на пејачот и припаѓа само на неговата сопруга, а со Труди има врска долга речиси четири децении, која никој не може да ја уништи.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....