10:42 - 9 ноември, 2026

КОНСТРАКТА открива: Евровизија не ја ни сонував! На Беовизија се пријавивме за промоција, а не за победа!

Додека се подготвува за Евровизија која ќе се случува следниот месец во Торино, српската претставничка Констракта престојуваше во Загреб каде откри повеќе непознати работи за неа и за настапот.

Сè што се случува по Беовизија за Констракта е необично, бурно и пребрзо за нејзиниот вкус. Не сонувала за евровизиската сцена, а не очекувала ни победа.

Во разговор за хрватски индекс.хр таа открива дека на Беовизија се пријавиле за промоција, а не мислеле на победа. На Евровизија ќе настапат на српски јазик, но Кoнстракта објаснува.

– Тоа е добра идеја за мене на прв поглед, бидејќи изгледа дека со превод на англиски многу ќе се изгуби, но си поставивме задача да смислиме како да ја искомуницираме таа песна бидејќи странците ќе видат само жена и некои луѓе околу неа, ќе слушнат Меган Маркл и ништо нема да им биде јасно. Во песната има неколку места каде што ќе можеме да го пренесеме текстот, па ќе видиме како ќе биде прифатен“, истакнува таа за индекс.хр.

Освен што ја забрзала динамиката на нејзиниот живот, победата на Констракти ѝ донела и популарност и препознатливост на улица.

– Го доживувам тоа и во Загреб, ме препознаа додека пиевме пијалок на тераса. Мило ми е, луѓето се супер, но не размислувам за тоа и за себе во тој контекст. Гледам да си ја вршам работата.Има и критики, тоа ми е супер се додека имаме содржина за која можеме да разговараме“, продолжува Констракта.

Открива и дека како уметница нема здравствена книшка.

– Книшката беше метафора за несигурноста што ја чувствуваат многу луѓе, не само овде, тоа е глобална работа. Принудени сме да одиме од државно во приватно здравствено осигурување поради преоптоварување, јас најмногу би сакала државниот систем да се организира така за да може да обезбеди иста грижа за сите, но не успеавме во тоа ниту како човештво, ниту во Србија -вели Констракта.

Покрај обврските кои се во овој период многубројни, Контракта нема време за користење на социјалните мрежи, но открива дека нагло ѝ се зголемил бројот на пријатели и дека добива бројни пораки на кои, и да сака, не може да стигне да одговори, пренесува индекс.хр

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....