18 C
Скопје
04:20 - 21 јуни, 2026

КРИС РОК крие МРАЧНИ ТРАУМИ: Трпев сексуално злоставување, ме тепаа, физички бев уништен!

Американскиот комичар Крис Рок пред две вечери за првпат проговори по инцидентот на доделувањето на Оскарите, кога доби шлаканица од актерот Вил Смит. Рок имаше настап во Бостон, а инцидентот кратко го прокоментира велејќи дека „уште го обработува“.

„Сè уште работам на тоа што се случи, па во одреден момент ќе зборувам за тоа. Ќе биде сериозно. Ќе биде смешно, но сега ќе кажам неколку шеги“, ѝ рекол Рок на публиката.

Тој се осврна на веста дека Вил Смит лично разговарал со него.

„Не сум разговарал со никого и покрај тоа што сте го слушнале“, рече тој.

За актуелностите поврзани со Рок (и Смит) веќе знаеме сите, но, какво минато навистина имал Крис Рок и како станал комичар?

Во септември 2020 година, во интервју со Хауард Стерн, Рок зборуваше за неговите минати искуства на злоупотреба и како тоа го навело да им дозволи на луѓето да го „газат“, пишува „Инди100“.

Рок ја објаснил болката што ја претрпел како „ужасно постоење“ и рекол дека „секој ден бил пекол“ затоа што бил мета на неговите врсници со бела боја на кожата.

Страдам од големо его и ниска самодоверба. А кога велам „големо его“, се работи само за кажување шеги. Што се однесува до мојата работа, јас сум најголемиот работник, но понекогаш едноставно се чувствувам дека не сум достоен за ничие внимание, ничија љубов, никакво признание, било што“, изјави Крис.

Со болката се носел на тој начин што почнал да пишува вицеви.

Филмскиот лик со кој можам да се идентификувам е Тим Робинс во „Бегство од Шошенк“, пеколно секој ден. Јас сум црнец, па многу ме тепаа и бев физички уништен, имаше и сексуална злоупотреба, но не бев силуван“, рече Рок.

 

Слични објави

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо
Се вчитува....