12:08 - 29 ноември, 2026

Карлеуша ја реновира вилата, а Душко Тошиќ ја финансира?! Ја ангажирале Вики Миљковиќ

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша ја ангажирала компанијата на својата колешка Вики Миљковиќ да ја реновира нејзината раскошна вила на Дедиње и да ја опреми според најновите трендови, пишува српски „Телеграф“.

Планот е просторот да добие модерен и уште полуксузен изглед, но и топла, пријатна атмосфера погодна за семеен живот и дружење.

– Вики Миљковиќ работеше на проектот за мојата нова куќа, поточно нејзината компанија, а Душко беше тој што учествуваше во финансирањето. Ние не сме во добри односи, но тој е одличен татко и плаќа сè што треба. Сериозен фудбалер мора да плаќа – рекла Јелена Карлеуша.

Инаку, Карлеуша планира да издаде нови песни оваа година, а сега открила дека има мали тешкотии.

– Имаме тешкотии, но песните се готови, ќе бидат кога ќе ги средам моите социјални мрежи. Денес многу чини да имаш сопствено мислење, јас изгубив многу, но не се променив. Покажав став и докажав дека притисокот не може да влијае на мене. Изгубив многу настапи, но се надевам дека 2025 година нема да се повтори, и сè што планирав претходната година, ќе го постигнам оваа година – изјавила Јелена Карлеуша за „Пинк.рс“.

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....