5.8 C
Скопје
05:54 - 29 март, 2024

Како го поминуваат времето во карантин Бела Хадид, Емили Ратајковски, Кендал Џенер… (ФОТО)

Деновите во изолација се пред нас, во зависност од државите кои донесуваат различни мерки за уништување на една од најголемите опасности на човештвото денес, а тоа е ковид-19. Благодарение на Инстаграм, имаме прилика што од воајерство, што од љубопитност, да погледнеме што прават во самоизолација оние кои ги следат милиони луѓе. За да се уништи ширењето на коронавирусот се препорачува изолација од најмалку две недели.

Емили Ратајковски, Кендал Џенер, сестрите Хадид, Џиџи и Бела, како и Никол Ричи, на своите инстаграм-профили споделуваат информации (секако и фотографии) за тоа како го поминуваат времето во карантин, сакајќи да покажат дека тие се обични девојки како и сите други.

Од готвење, читање, нега на кожа, па и спиење, ниедна од нив не прави ништо што и вие. А ако не го правите тоа, можеби нивните фотографии со повеќе од стотина илјади лајкови ќе ве поттикнат да направите вечера за своето семејство, да си поиграте со кучето, да си направите третман на косата кој го одложувавте или секао да прочитате некоја книга која со месеци или години стои на полиците и чека да дојде на ред.

Бела Хадид

Нега пред сè! Патувањата и повеќечасовните снимања ја оштетуваат и сушат кожата, па затоа една од најплатените манекенки во светот одлучила за време на изолација да одвои малку време за себе и да проба неколку маски за лице.

Кендал Џенер

Никогаш доста од сон, а кога немате обврски, не одите на работа, не можете на кафе со пријателите, за во диско не можете ни да помислите, можеби е најдобро да се опуштите со омилената серија и да преспиете цел ден. Сепак, доволно сте се истрошиле и треба да ги наполните батериите.

View this post on Instagram

?

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Никол Ричи

Позната по реалната програма што ја снимаше со нејзината најдобра пријателка Париз Хилтон, Никол Ричи стана и влијателна и позната. Нејзината духовитост ја маѓепсува публиката, а изолацијата ја искористи на најдобар можен начин: Одбрала шест нови книги, па доколку немате идеи што следно, можете да се консултирате со @nikoleriche сигурно има нешто добро за Вас.

Емили Ратајковски

Актерката, модел, феминистката, претприемачката @emrata својата изолација ја поминува со сопругот Себастијан Биар Мек Клард и малиот Колумбо, германски овчар кој парот го третира како рамноправен член на семејството. Заедно само што го завршиле гледањето на „Love is Blind“ и подготвени се заедно да го прослават неговиот прв роденден. Едно е сигурно, Колумбо е пресреќен што веќе никој не оди на работа и може да си игра со своето семејство секој ден.

View this post on Instagram

?

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Џиџи Хадид

Постарата сестра на Хадид, чие вистинско име е Јелена, на друштвените мрежи не ја крие склоноста кон готвењето. Она во карантин одлучила да им се посвети на домашните и да им подготви оброци од кои „ќе ви потечат лиги“. Рецептите неретко ги споделува на своето „стори“, па доколку ви се смачило од вашите рецепти можеби е време да откриете нешто ново од неа.

View this post on Instagram

(oldie) camera roll finds ! ? #stayhome

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....