09:42 - 14 ноември, 2026

Како Ана де Армас стана Мерилин Монро? Дојдов на аудиција, го прочитав текстот, но не разбрав ниту збор…

Ана де Армас 32-годишната Кубанка според многумина е една од најубавите актерки на денешницата, а последниве недели стигна во центарот на вниманието откако излезе новиот хит на Нетфликс „Blonde“, во кој таа го толкува ликот на познатата холивудска дива Мерилин Монро.

Со русата коса и ненападната шминка, Армас неверојатно потсетува на Мерилин. Овој филм е продолжение на нејзината кариера, пред тоа имаше улога во серијалот за Џејмс Бонд, во филмот „No time to die“.

Ана де Армас е родена во Куба, во градот Санта Круз дел Норте. Нејзините баба и дедо се Шпанци, кои и овозможиле шпанско државјанство. Живеела во Мадрид, како 18-годишна. Уште таму станала позната актерка, во серијата „Интернат“, која се снимаше од 2007 до 2010 година.

После тоа, заминала во САД и решила да го оствари американскиот сон. Во Америка дошла на 25 години, а англискиот јазик го научила за само неколку месеци.

– Дојдов на аудиција, го прочитав текстот, но не разбрав ниту збор. Едноставно морав брзо да го совладам англискиот јазик – истакна таа во едно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas)

Моментално Ана де Армас е една од најбараните актерки во Холивуд.

Во интервју за англискиот The Sunday Times, Ана откри дека се обидела да се ослободи што подобро да го „симне“ акцентот на Мерилин Монро:

„Ми требаа 9 месеци вежбање на дијалектот и неколку ADR сесии. Беше навистина мачно и многу исцрпувачко. Мозокот ми беше испржен.“

И покрај напорната работа, актерката рече дека има голема почит кон Мерилин:

„Размислував многу како жена во оваа индустрија, но и воопшто, за тоа како одредени работи од 1930-тите, 1940-тите и 1950-тите се толку поврзани со денешницата. И како, ако немаш силна поддршка, да речеме со семејството и пошироко, навистина е тешко да успееш. Навистина тешко.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....