30.8 C
Скопје
18:33 - 8 септември, 2026

Јована Јеремиќ откри што сака во сексот: „Не за грубите и агресивните мажи“

Српската водителка Јована Јеремиќ отворено зборувала за своите преференции кога станува збор за машко-женски односи.

Јована, која се соочи со голема загуба во претходните денови, дури и по разводот од Војислав Милошевиќ и раскинувањето со бизнисменот Драган Станковиќ, не се откажува од потрагата по мажот од своите соништа.

„Жените често ме прашуваат која е тајната на мојот успех со мажите. Искрено, не знам. Никогаш не сум била како денешните жени и прва да му се додворувам на маж. Тоа е под мојата чест и мислам дека тој ред мора да се знае. Јас припаѓам на типот жени кои се исклучително традиционални и сум со слободен дух само доколку точно знам на што сум со еден маж. Можеби тајната е во тоа. Мора да му дозволите на мажот да се чувствува мажествено. Мажот е ловец и тоа мора да остане така за да преживее врската или бракот. Јас тоа така го правам, а вие како сакате“, напишала Јеремиќ на Инстаграм и ја открила тајната на својот успех со посилниот пол:

„Јас се бакнувам подобро отколку што готвам. Мажот нема да се најаде со мене, но ќе се чувствува привилегиран и кралски ако го заслужува тоа. Сметам дека моето најсилно оружје се зборовите. Со нив успевам да кренам на небото, но и да фрлам на дното. Сè според заслугите, мерката и честа.“

Јеремиќ, исто така, се осврнала и на интимните односи и открила дека претпочита мажи кои се нежни.

„Повеќето мажи мислат дека се големи само ако се груби и агресивни во текот на сексот, а искусните жени знаат дека тоа не е добар стил. Вистински маж е всушност оној кој го чувствува женското тело и го доживува како ремек-дело!“, напишала водителката.

Јеремиќ не крие дека е во добри односи со својот поранешен сопруг, а неодамна откри дека би поместила и небо и земја за Воја Милошевиќ да го заштити.

 

 

Слични објави

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.
Се вчитува....