11:42 - 7 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ провоцира, се фотографираше полугола во стаклена спална соба во Шпанија

Ќерката на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ покажа луксуз, поглед од соништата и откри како изгледаат нејзините утра.

Анастасија Ражнатовиќ повторно ги изненади своите следбеници со провокативна фотографија од спалната соба во луксузната вила во Севиља. Анастасија, која е во брак со фудбалерот Немања Гудељ, ужива во Шпанија, а нивниот нов дом изобилува со раскош и удобност.

На фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, во преден план се нејзините голи нозе, постелнината и спектакуларниот поглед кон палмите и базенот во дворот. Спалната соба е со стаклен ѕид, што дава чувство на отвореност и луксуз.

„Добро утро“, напиша Анастасија, оставајќи малку на имагинацијата на своите обожаватели.

Ова не е првпат Анастасија да ги провоцира со фотографии од интимни моменти.

Иако живее далеку од семејството и пријателите, Анастасија Ражнатовиќ често има гости од Србија. Мајка ѝ Цеца често оди на гости во Севиља, но и некои колеги. Меѓу нив е и познатиот репер Михајло Верувовиќ Војаж, кој неодамна изјави дека нивното пријателство е професионално и се гледаат како колеги.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....